Штип УГД, Борец и Струмица се полуфиналисти во Купот

78

Бранителот на титулата Штип УГД, Струмица и Борец се екипите кои ќе играат во полуфиналето од Купот на ОФМ 2025 во машка конкуренција.

Штип УГД беше сигурен во четвртфиналниот дуел со Скопје, кој го доби убедливо, во три сета. Во иста ситуација се најде и Струмица која немаше поголеми проблеми против тимот на Универзитет во Тетово. Борец, пак, пред својата публика со максимален резултат ја елиминираше Лирија од куп-натпреварувањето.

Последниот патник во полуфиналето треба да го даде дуелот меѓу Шкендија и Работнички 71&22 кој е закажан за 26 февруари (среда) во Тетово.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ КУП НА ОФМ 2025 МАЖИ

Штип УГД – Скопје     3:0 (25:9,25:8, 25:14)           

Струмица 47&72 – Универзитет во Тетово 3:0 (25:13, 25:20, 25:11)     

Борец – Лирија  3:0 (25:18, 25:23, 25:12)     

Шкендија – Работнички 71&22        26.02.2025

ПретходноАморим нема да ја дочека следната сезона на клупата на Манчестер Ј.?
СледноЛиверпул ремизираше кај Астон Вила во меч со многу промашувања (ВИДЕО)