Јани Атанасов позајмен во екипата на Пушча

520

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов е нов играч на полскиот прволигаш Пушча Ниеполомице. Како што попладнево потврдија од тимот кој се бори за опстанок во полската Екстракласа, привремениот договор со 25-годишниот играч за врска ќе важи до 30 јуни 2025 година.

Јани е позајмен во тимот на Пушча од Краковија, каде што сезонава имаше 10 натпревари забележувајќи една асистенција. Од новиот клуб објавија дека Атанасов ќе го носи дресот со број 6.

Претходно“Бомба“ од Мадрид: Наследникот на Карло Анчелоти ќе биде Шпанец, но не е Чаби Алонсо!
СледноНајдобрите три тима од првенството обезбедија полуфинале во Купот на ОФМ