Јончевски одбра за Естонија, двајца кошаркари остануваат во Скопје

686

Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска ќе замине за Талин каде во петок ќе го одигра претпоследниот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2025.

Овој дуел е важен за да нашиот најдобар национален тим остане во игра за континенталното натпреварување.

Селекторот Александар Јончевски одбра за овој дуел. Во Скопје ќе остане Теодор Симиќ поради вирус, како и Андреј Шошкиќ.

Утринава тренингот го пропушти и Ненад Димитријевиќ, кој не се чувствувал добро, но ќе патува со тимот.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

  1. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
  2. Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
  3. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
  4. Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
  5. Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
  6. Стојан Ѓуроски – Работнички
  7. Дамјан Робев – Работнички
  8. Виктор Ефремовски – Работнички
  9. Страхил Николов – ТФТ Скопје
  10. Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
  11. Лејсон Зеќири – Башкими
  12. Ти Џеј Шортс – Парис Баскетбалл
ПретходноМакедонија – Велс ќе ја гледаме веќе од 300 денари
СледноОскар Де Маркос ќе се пензионира