Дербито Струга ТЛ – Вардар се игра в сабота!

663

Претстојниот викенд на програмата се мечевите од 20.коло во ПМФЛ, и тоа во недела од 14 часот. Сепак дербито на ова коло во кое се среќаваат Струга ТЛ и Вардар е закажано за во сабота од 14 часот.

Ова доаѓа откако и двата клуба најдоа заеднички јазик ако се знае дека во среда се играат средбите од 1/4 финалето во Купот на Македонија. Тогаш Вардар го дочекува Силекс а Струга ТЛ му е домаќин на Гостивар. Преостанатите средби од оваа фаза во Купот се Брера – Арсими и Детонит – Шкендија, овие средби се играат на 26.02 (среда) со почеток од 14 часот.

Инаку покрај Струга ТЛ – Вардар, во ова 20.коло во ПМФЛ, во недела од 14 часот, се среќаваат Тиквеш – Пелистер, Брера – Шкупи, Работнички – Воска, Беса – Гостивар, Шкендија – Силекс.

ПретходноНајдобриот стрелец во ПМФЛ со трансфер во Казахстан!
СледноЕте зошто е “Специјален“: Поради Мурињо мега – дербито во Турција ќе го суди странец!