Баерн Минхен го елиминира Селтик во плејофот од Лигата на шампионите. Баварците стигнаа до реми 1-1 на „Алијанц арена“ со голот во дополнителното време на Алфонсо Дејвис и сега го чекаат следниот противник, кој ќе биде Баер Леверкузен или Атлетико Мадрид. По натпреварот, првиот човек на тимот Винсент Компани изјави дека тимот потрошил многу енергија во последната недела, но важно е што ја постигнала целта.
„Мизерен резултат. Во вториот дел имавме две-три чисти шанси. Потрошивме многу енергија за 6 дена, но ја задржавме предноста од 8 бода во Бундеслигата и се пласиравме во следната рунда во Лигата на шампионите. Сега ќе имаме време да се опоравиме“, изјави Компани.
Тој вели дека сакале да доминираат особено на домашен терен, но најважно е да се извлече поука и да бидат задоволни од пласманот.
„Секако дека секогаш сакаме да доминираме и да се надигруваме со нашите противници, особено на домашен терен. Но, најважен е резултатот. Ќе извлечеме поука од овој натпревар. Не треба да го потценуваме стореното. Навистина одигравме многу тешки натпревари за кратко време. Пред три дена имавме голема битка во Леверкузен, пред шест дена победивме во Глазгов и обезбедивме резултат кој ни помогна за пласман во следната рунда.
Алфонсо Дејвис? „Тој заврши одлична работа со медицинскиот персонал и веднаш е видливо колку е важен за тимот“, додаде Компани.