Легендарниот десен бек и воедно и капитен на тимот на Атлетик Билбао, Оскар Де Маркос по крајот на сезонава ќе се пензионира. Тој тоа го соопштил на тренингот на тимот со што ќе стави крај на една голема кариера мината во баскискиот тим.
Де Маркос го изедначи Икер Муниаин изминатиот викенд како втор на листата на играчи на Билбао со намјногу настапи за клубот. Де Маркос настапи на 560 мечеви до сега, а пред него е само легендарниот Хозе Анхел Ирибар со 614 мечеви.
„Капитенот го одбра овој момент да ја сподели оваа информација, за да може тимот да се концентрира на своите цели до крајот на сезоната, а тоа се успехот како во Примера, така и во Европа“ – напиша клубот во официјалното соопштение.
ℹ Óscar de Marcos colgará las botas en el Athletic al final de temporada.
El capitán rojiblanco ha comunicado su decisión a sus compañeros esta mañana en Lezama. #AthleticClub 🦁
— Athletic Club (@AthleticClub) February 19, 2025