Неверојатно: Фенербахче му нуди на Влаховиќ 12 милиони евра по сезона!

257

Вистина или не? Сепак треба да се знае дека медиумите во Турција, посебно кога станува збор за Галатасарај и за Фенербахче, по малку ги преувеличуваат работите, но сепак треба да се одбележи. А тоа е дека Фенер му нудел на Душан Влаховиќ 12 милиони евра по сезона, онаа иста плата која Србинот ја зема во Јувентус и поради која клубот од Торино во јуни има намера да се “ослободи“ од него.

Досега за Влаховиќ свој интерес пројавуваа Арсенал, Челзи, Манчестер Јунајтед и други големи клубови, но ова со Фенер е за првпат името на Србинот да се поврзува со клубот каде што е тренер Жозе Мурињо и за кој играат Тадиќ, Џеко, Ливаковиќ, Костиќ.

Дали газдата на Фенер, познатиот и богат Али Коч има намера и тоа како да го одврзе кесети и конечно да дојде до титулата за која сонува повеќе од една деценија.

ПретходноНено, Шортс и другарите го “испробаа“ паркетот во Арената „Унибет“ во Талин! (ФОТО)
СледноДен после бламажата во Мадрид: Пеп во јуни ќе прави чистка, најмалку шесторица си заминуваат од Сити!