ММА борецот со македонски корени, Алекс Волкановски се враќа во октагонот на 14 април. Како што објавија светските медиуми за тогаш е закажан настанот UFC 314 во Мајами, Флорида.
Алекс Волкановски ќе се бори со Диего Лопез за титулата во перо категорија во главниот натпревар на вечерта. Во рамките на манифестацијата ќе има уште една атрактивна борба меѓу Мајкл Чендлер Педи Пимблт.
Промоторот Дејна Вајт објави дека Илија Топурија се откажа од титулата на УФЦ во перо категорија и премина во лесна категорија.