По синоќешната елиминација во плеј-офот во Лигата на шампионите, менаџерот на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола признава дека клубот се соочува со една нова фаза. Освен што беа елиминирани во Лигата на шампионите, „граѓаните“ се далеку и од трката за титулата во Англија.
„Имаме одличен тим, но ја загубивме стабилноста. Кога противникот е посилен, може само да му честитаме. Постигнавме историски успех во нашата земја низ годините, победувајќи на турнири што никогаш претходно не ги освоивме. Сега треба да се фокусираме да влеземе во првите четири. Ништо не трае вечно. Ја освоивме Премиер лигата 6 пати во 7 години, играјќи со шампионите секоја година во четвртфинале, полуфинале, финале… Ја прифаќам реалноста, а тоа е дека Реал беше подобар. Тоа е се. Минатата сезона игравме многу добро, оваа сезона не. Секогаш велам дека треба да победи тој што тоа го заслужува“, изјавил Гвардиола.