Грчевски го објави списокот за контролите со Србија

68

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија,  Кристијан Грчевски го објави списокот на повикани ракометарки за подготовки за време на ЕХФ националната недела во март 2025 година.

Во рамки на ЕХФ неделата од 3 до 9 март женската сениорска селекција ќе оддигра две пријателски средби против селекцијата на Србија. Натпреварите ќе се оддиграат во Бор, Србија на 7 и 8 март.

Собирот на женската национална селекција е на 3 март во понеделник во малата спортска сала при Спортски Центар Јане Сандански во Скопје.

ПретходноАнти-рекорд: Пеп запиша 13 порази, ова не му се случило никогаш и никаде претходно!
СледноФК Вардар со соопштение: Почнува одблокирање на 8 години блокираната клупска сметка