По се она што се случи вчера на “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, сега и дефинитивно може да се каже дека Манчестер Сити ја има најлошата сезона под водство на Пеп Гвардиола. Она што вчера Сити го играше против Реал Мадрид е за секаква осуда.
Токму затоа ден по тквата бламажа, медиумите на Островот повукувајќи се на инсајдерски информации од клубот, пренесуваат дека Пеп Гвардиола во јуни ќе направи голема чистка и дека на најмалку шестмина ќе им се заблагодари.
Тоа се Едерсон, Џон Стоунс, Илкај Гундоган, Бернардо Силва, Џек Грилиш и Кевин де Брујне. Тие веќе се “отпишани“.
На тој список може да им се придодат и Матео Ковачиќ, Џереми Доку, Мануел Аканџи и Нејтан Аке, во зависност од тоа дали и колкави ќе бидат евентуалните понуди.
Од ова произлегува дека на Манчестер Сити му претстои голем ремонт. Очигледно е дека вака веќе не оди.