Капинковски: Добар тест двомеч за да ги провериме моменталните сили пред квалификациите

247

Македонската репрезентација до 17. години предмалку го заврши пријателскиот двомеч против селекцијата на Босна. Скорот е 1:1 што се вели. Еден пораз и еден триумф, оној денешниот од 1:0 со голот на Хоџа.

Селекторот Кампинковски на оваа функција е околу еден месец, а веќе има полни раце работа што се вели. По селективниот камп во Струмица, сега пројде и двоемчот со Босна, што е претходница за квалификацискиот турнир во март, кој што го играме во Шкотска, заедно со Лихтенштајн односно Романија. Мечевите се закажани за 19, 22 односно 25 март.

„Овој двомеч можам да констатирам дека е одигран против сериозен противник. Од овие два меча собравме доста информации за моменталната генерација односно за репрезентативците кои беа повикани за овие мечеви. Јас сум на функцијата селектор околу еден месец, а веќе ова беше втор собир, ако го сметаме селективниот камп секкао во Струмица. Имаме потенцијал, оваа генерација има квалитет, треба да се работи и понатаму. Следниот месец ни следува квалификацискиот турнир во Шкотска, а отприлика ова е тоа со што располагаме. Не бевме комплетни овојпат, има некои играчи што треба да и се приклучат на оваа генерација, но во суштина сум задоволен од она што го видов“ – ни изјави селекторот Капинковски.

 

 

 

ПретходноПо повод 125-тиот роденден: Баерн Минхен се пофали со специјален дрес, изгледа фантастично! (ФОТО)
Следно„Видовте ли што му направив“: Ова е реакцијата на Мбапе откако го прати Гвардиол “по бурек“! (ФОТО + ВИДЕО)