Вечерва се одиграа реванш дуелите од Лигата на Европа, 1/8 финална фаза. Во неа дел од екипите за кој се сметаше дека ќе можат да дојдат до самиот крај го завршија натпреварувањето, а дел сеуште го живеат сонот на финалето и евентуалниот трофеј.
Тимот на Рома со конечни 3:2 успеа да слави на домашен терен против Порто и на тој начин со вкупни 4:3 да замине во следната фаза. На двата пати Дибала и еднаш Писили погодија за италијанскиот тим. Иако Порто поведе со голот на Саму, сепак на Олимпико потоа постоеше само еден тим, се до последните секунди од мечот кога Ренч си постигна автогол и го постави конечниот резултат.
Аз Алкмар исто така оди понатаму по елиминацијата на тимот на Галатасарај. Одлучувачки беа оние 4:1 од првиот меч, а вечерва во Истанбул беше 2:2. Гостите поведоа со 0:2, а Осимен и Салаи ја спасија честа на домаќинот.
Тимот на ФЦСБ односно Стеауа со головите на Цисоти и Микулески го елиминираше ПАОК, конечни 2:0, а вкупни 4:1.