Факт е дека Ц. Звезда на овие простори, а посебно во Србија важи за убедливо најголем клуб. Се разбира дека тука е и Динамо, но “модрите“ од Загреб најголем дел од финансиите самите си го обезбедуваат, а “црвено – белите“ од Белград имаат и тоа каква државна помош од нивниот најголем фан, а тоа е претседателот Александар Вучиќ.
Иако е познато дека Вучиќ и фамозниот Здравко Мамиќ се големи пријатели, некогашниот газда на Динамо Загреб и сега бегалец во БиХ од правдата во својата Хрватска, на најсликовит начин објасни зошто Ц. Звезда е светлосни години пред Партизан.
„Јас секогаш ја говорам вистината, без разлика дали тоа некому му се доапаѓа или не. Иако имам повеќе пријатели во Ц. Звезда и повеќе сум другарувал треба едно да се знае. Кога мојот пријател Вучиќ ќе и „рокне“ 100 милиони евра на Ц. Звезда преку Гаспром, а на Партизан нема да му „рокне“ ниту милион, тука не можеме да говориме за рамноправност“ истакна Мамиќ и јасно е дека апсолутно е во право.
Интересно ќе биде до кога ова со Вучиќ и Ц.Звезда ќе трае.
Тоа сите го знаат сите, освен фановите на „црвено – белите, викаат само за Динамо – секоја чест, а за Ц. Звезда никој.