Се си доаѓа на наплата, па така и Манчестер Јунајтед. Имено како што пренесуваат медиумите на Островот, клубот од “Олд Трафорд“ веќе му исплатил на својот поранешен тренер Ерик тен Хаг 10,4 милиони фунти како отштета за отказот кој Холанѓанецот го доби во октомври како менаџер или тренер на Јунајтед.
Ова веќе било објавено во финансискиот извештај на клубот во завршната сметка за 2024 година.
Интересно, по заминувањето на Алекс Фергусон од Манчестер Јунајтед, клубот од “Олд Трафорд“ потрошил повеќе од 70 милиони фунти на отпремнини за сите свои тренери во изминатите 11-12 години.
Како што стојат работите, со оглед на тоа дека и Рубен Аморим е пред отказ, оваа сума од 70 милиони фунти и тоа како ќе се зголеми.