Меси е велемајстор и на минус 17 степени (ВИДЕО)

212

Синоќа во Купот на шампионите во КОНКАКАФ зоната имаше натпревар кој се оригра буквално на екстремни услови и температура од -17 степени. Сепак, и тоа не го спречи Лионел Меси да стане херој на вечерта!

Во првиот официјален натпревар на Интер Мајами во 2025 година, тој го постигна единствениот гол во триумфот над Спортинг Канзас Сити. Дуелот во осминафиналето од најсилното натпреварување во Северна и Централна Америка беше решен во 56. минута, кога Аргентинецот погоди во противничката мрежа.

Серхио Бускетс ја имаше улогата на асистент, но Меси ја заврши речиси целата работа. Реваншот е закажан за шест дена.

ПретходноПовеќе од половина осминафиналисти во ЛШ се од Англија, Шпанија и Германија
СледноГвардиола: Ништо не трае вечно, ова е една нова фаза за Манчестер Сити