Кошаркарите на Шарлот на гости го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 100:97 со што ја прекинаа серијата од три последователни порази во НБА лигата. Овој натпревар го означи продолжението на сезоната по пет дена пауза поради Ол-стар викендот.
Најефикасен кај Шарлот беше Мајлс Бриџис со 29 поени, а Ламело Бол додаде 27 поени, шест асистенции и пет скока. Леброн Џејмс беше најефикасен кај Лејкерси со 26 поени, 11 асистенции и седум скока. Руи Хачимура додаде 17 поени и осум скока, Лука Дончиќ забележа 14 поени, 11 скока и осум асистенции.
Лејкерси го имаа последниот напад на мечот на шест секунди до крајот. Џејмс ја промаши првата тројка за изедначување, а офанзивниот скок го фати Гејб Винсент, но по неговото додавање Џејмс промаши уште една тројка за израмнување на една секунда до крајот.