Никола Митревски повторно е причина за нова радост во редовите на Пелистер. Искусниот репрезентативен голман беше главна причина за победата на македонскиот првак против Динамо Букурешт од 25-24 во рамките на 12. коло во Лигата на шампиони.
Митревски го спречи Али во финишот на мечот да погоди за израмнување. Неговата 16-та одбрана значеше голем триумф за Пелистер, кој остана во игра за пласман во нокаут-фазата, сега има осум бода исто колку и Висла Плоцк.
Ужувајте во ремек-делото на Митревски.