Нема дилеми дека Валон Ахмеди ќе биде големо, екстра засилување за Работнички оваа пролет. Тој пред неколку дена потпиша за клубот од Градски парк, но денеска на Арената “Тодор Проески“ беше промовиран од страна на Работнички.
Искусниот играч за врска во новата средина го доби дресот со бр.7.
Инаку да потсетиме дека Ахмеди дојде од Шкендија каде имаше одлична полусезона.