Победничка „фотка“ на момците на Капинковски

812

Македонската фудбалска репрезентација до 17. години предмалку на комплексот Петар Милошевски во Скопје обезбеди победа против соодветната селекција на Босна.

Избраниците на селекторот Капинковски одиграа подобро за разлика од првиот меч кога загубија со 1:3, и овојпат со голот на Хоџа во послендите моменти од дуелот обезбедија триумф од минимални 1:0.

По селективниот камп одработен во Струмица, ова за селекторот Кампинковски беше втора работна задача откако е назначен. По првичната селекција, ова беше втора, а на неа ако се додадат и неколкуте повредени, односно во моментов со клупски задачи зафатени играчи од странство, тоа би било тоа од оваа генерација што се вели. Има простор за напредок секако, а денеска оваа генерација има повод за радост.

И за победничка фотка секако.

 

ПретходноХоџа за триумф на Македонија против Босна (ВИДЕО)
СледноРеал (М) се обидува да направи „државен удар“ врз шпанскиот фудбал!