Повеќе од половина осминафиналисти во ЛШ се од Англија, Шпанија и Германија

169

Повеќе од половина од клубовите кои ќе играат во 1/8-финалето во Лигата на шампионите се од Англија, Шпанија и Германија. По синоќешните последни реванш дуели од плеј-оф колотѕо ги добивме сите патници во следната нокаут-рунда, очекувајќи ја утрешната ждрепка по која ќе бидат познати и осминафиналните двојки.

Англија, Шпанија и Германија ќе имаат по тројца преставници во осминафиналето, додека Франција и Холандија имаат по два тима. Италијанците кои доживеаја три елиминации во плеј-офот останаа со еден клуб. Толку имаат и Португалија и Белгија.

Англија: Ливерпул, Арсенал, Астон Вила;

Шпанија: Реал, Барселона, Атлетико;

Германија: Баерн, Баер (Л), Борусија (Д);

Франција: ПСЖ, Лил;

Холандија: ПСВ, Феенорд;

Италија: Интер;

Португалија: Бенфика;

Белгија: Бриж.

ПретходноНБА сезоната продолжи со нов пораз на Лејкерс (ВИДЕО)
СледноМеси е велемајстор и на минус 17 степени (ВИДЕО)