Слот: Не можам да бидам среќен, ја оставаме вратата од трката за титулата отворена!

451

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот го изрази своето разочарување по ремито 2-2 против Астон Вила. Победата ќе ги испратеше „црвените“ со 10 поени предност пред Арсенал, но неговиот тим по втор пат во последните три натпревари загуби два бода, оставајќи ја малку подотворена врата во трката за титулата.

„Не сум среќен, да бидам искрен. Мислам дека ако погледнете наназад на играта, создадовме многу повеќе шанси за гол отколку тие. Мислам дека направивме се што ни требаше за да дојдеме до победа. Секако, во последната минута и Вила можеше да победи“, призна Слот.

„Но, ако ги погледнете сите наши шанси во низа, јасно е дека не сум задоволен од овие 2-2. Остануваат уште 12 натпревари и засега сме среќни каде што сме. Мислам дека одигравме премногу натпревари каде што заслуживме повеќе отколку што добивме. Не мислам само на натпреварот со Евертон“, додаде Слот.

ПретходноАнчелоти: Мбапе може да стане новиот Роналдо
Следно„Емоционално нема да ми биде лесно, но овој момент најважно е да го победиме Динамо“