Сè е подготвено за 41. Шарпланински куп

57
Сè е подготвено за 41-от Шарпланински куп – Снежен спектакл што го одбележува духот на скијачкиот спорт во Македонија!

По пауза од 12 години, со голема возбуда и гордост најавуваме дека Попова Шапка повторно ќе биде домаќин на најстариот меѓународен скијачки натпревар на Балканот. Овој престижен натпревар својата приказна ја започна во далечната 1947 година, а од 1954 официјално стана дел од календарот на FIS. Шарпланинскиот куп е синоним за храброст, брзина и прецизност, носејќи ја магијата на алпското скијање во Македонија.
На овогодинешното издание, кое се одржува на 26 и 27 февруари, ќе учествуваат натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Грција, Косово и Кипар. Снежните падини на Попова Шапка ќе бидат центар на возбудливи натпревари, еуфорија и неочекувани пресврти – токму она што го прави алпското скијање спорт на вистинските шампиони.
Организатор на настанот е Скијачката федерација на Македонија, со поддршка на Меѓународната скијачка федерација (FIS), Министерството за спорт, ски-центарот Попова Шапка, УНИ Банка, ПСС, МРТВ и Вертиго.

ПретходноНиколов, Херера и Шишковски со херојски 0:0 заминаа во 1/8 финалето од Конференциската лига
СледноИнцидент во Белгија: тепачка го прекина мечот меѓу Андерлехт и Фенербахче (ВИДЕО)