Фенербахче ја доврши работата со Андерлехт, Сосиедад ја покажа силата против Митјиланд

174

Тимот на Фенербахче успеа да го елиминира Андерлехт во двомечот од 1/16 финалето од Лигата на Европа. Оние 3:0 од Истанбул за белгијците се покажаа недостижни, а особено што на домашен терен вечерва по само стотина секунди на терен губеа со 0:1. Ен Несири погоди за водство, а потоа следуваше прекинот на овој меч поради нередите на трибините. Турскиот тим замина во соблекувална, за да откако се смири ситуацијата, мечот протолжи Васкез израмни за домашните. Во вториот дел истиот играч погоди по втор пат, но Акчичек во 63. минута израмни на  2:2. Тоа беше се од овој меч кога станува збор за головите, а реално Фенербахче заслужено оди понатаму.

Викторија Плзен ја анулираше минималната предност на Ференцварош од првиот меч кога Унгарците победија со 1:0, по само едно полувреме. И тоа на вистински начин. Дуросимни на два пати и Сулц му донесоа на Плзен 3:0 по 45. минути по што Ференцварош немаше веќе сила да се враќа.

Конечно, Реал Сосиедад имаше задача да го елиминира Митјиланд и тоа го направи во голем стил. Иако имаше негатива од 2:1 од првиот меч, вечерашните 5:2,  сосема ги промени нештата. Конечните 7:3 се вистински показател за силите на овој двомеч во кој Сосиедад заслужено оди понатаму.

 

ПретходноАлонсо: Честитки до момците! Покажавме карактер!
СледноМитревски како и секогаш е скромен: Сите се заслужни за победата!