Фудбалскиот клуб Вардар денеска излезе со соопштение со кое ја известува јавноста дека стартуваше со одблокирање на сметката на клубот. Како што велат од клубот, процесот е започнат и се очекува одблокирање на слетката која беше блокирана од сите претходни раководства во последните 8 години.
„Денеска стартуваат два договори. Со приложена 120% гаранција исплаќање на долгот кон УЈП на 36 рати и исплаќање на долгот кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на 10 рати“, велат од редовите на скопските „црвено-црни“.