ФОТО НА ДЕНОТ: Митревски – херојот на Пелистер!

185

Во Битола се уште живее сонот дека Пелистер може да стигне до нокаут-фазата во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак успеа да ја добие драмата со Динамо Букурешт и да слави со 25-24. Овој триумф го овозможи, Никола Митревски, кој го одбрани ударот на Али за реми. Искусниот репрезентативен голман на крајот запиша 16 одбрани.

Пелистер после 12. коло во Лигата на шампиони има осум бода исто колку и директниот конкурент за шестото место во групата А.

ПретходноОдбраната на Митревски која ја дигна на нозе цела Битола (ВИДЕО)
СледноЈагиелонија и Чурлинов го поминаа ТСЦ и заминаа во 1/8 финалето од Конференциската лига