Тимот на Јагиелонија и нашиот Дарко Чурлинов минаа во следната 1/8 финална фаза од Конференциската лига откако вечерва и на свој терен беа подобри од српскиот тим на ТСЦ Бачка Топола. Полскиот состав обезбеди повторно победа од 3:1, како и во првиот меч па со вкупни 6:2 оди понатаму.
Чурлинов влезе во 71. минута од мечот и беше дел од третиот за својот тим. Поточно неговиот удар одеше во голот, но Радојевиќ несмасно реагираше и ја закачи топката постигнувајќи си автогол.
Тимот на Цеље исто така испиша убава страница од својата историја совладувајќи го тимот на Апоел со 0:2, односно вкупни 2:4. Куцус и Светлин беа стрелци на овој антологиски дуел за словенечкиот тим.
Очекувано, тимот на Панатинаикос обезбеди 2:0 против тимот на Викингур и го елиминираше од овогодинешното натпреварување.