Мартин Велковски и неговите соиграчи во сабота против Бриксен треба да стават печат на пласманот во 1/4 финалето во ЕХФ Европскиот Куп со што ќе напрват нов чекор во клупската историја.
„Пред нас е реванш меч со вицешампионот на Италија. Резултатот од првиот меч е навистина убедлив, но не беше така во текот на целиот натпревар. Бриксен игра модерен европски ракомет и не е тим за потценување. Очекувам да дојдеме до победата, ја повикувам публиката да дојде да ни даде поддршка за на крајот како и досега заедно да се радуваме на победата. Првиот меч мина во високо темпо од првата минута, затоа и имаше толку многу постигнати голови. Наша цел е да ја продолжиме триумфалната серија во Европа“, истакна Велковски на денешната прес-конференција.
Дуелот се игра во сабота со почеток во 18 часот во салата во Автокоманда.