Реал (М) се обидува да направи „државен удар“ врз шпанскиот фудбал!

201

Тони Фреиша, поранешен директор на Барселона, ги нарече обидите на Реал Мадрид да влијае врз судиите „државен удар“ на шпанскиот фудбал.

Претходно претставници на мадридскиот клуб ја посетија канцеларијата на Техничкиот комитет на судии за да ги слушнат снимките од разговорите на судиите од натпреварот од Ла Лига против Еспањол (0:1).

Исто така, главниот судија на натпреварот пмеѓу Осасуна и Реал Мадрид (1:1), Хозе Мунуера Монтеро, беше подложен на навреди и закани на социјалните мрежи откако Џуд Белингам беше исклучен поради навреди кон него во првото полувреме.

„Не го сакаат претседателот на техничкиот комитет на судии? Дали се задоволни со тркалезна топка? Можеби треба да ја направиме овална? Дали сакате правоаголни голови или би сакале да ги направите заоблени? Претседателот на комитетот на судии го избира претседателот на Кралската шпанска фудбалска федерација, кој е избран на демократски начин од Собранието. И ако одите против сето ова, тогаш правите државен удар. Ова е државен удар против шпанскиот фудбал, спонзориран и предводен од Реал Мадрид“, изјави поранешниот директор на Барселона.

ПретходноПобедничка „фотка“ на момците на Капинковски
СледноПо повод 125-тиот роденден: Баерн Минхен се пофали со специјален дрес, изгледа фантастично! (ФОТО)