Шеста победа сезонава за фантастичната Федерика Брињоне. Искусната италијанка денеска триумфираше на велеслаломот во Сестриере, и на домашен снег што се вели на најдобар можен начин покажа дека атакува на сите расположливи титули сезонава.
Таа беше најдобра денеска со време од 2:12:69, додека на втората позиција се пласираше Алис Робинсон од Нов Зеланд со 40 стотински заостанување. Трета со заостанување поголемо од секунда и половина беше норвежанката Теа Луис Стјернесунд.
Во генералниот пласман Брињоне нормално води со 799 бодови пред Лара Гут Бехрами со 729.