Во последните две години Летонија стана специјалист за европскиот првак Шпанија

91
Фото: ФИБАЕвропа

Европскиот првак, Шпанија во последните две години не може да најде решение за расположената Летонија, која има „три од три“ во последните пресметки со „фуријата“. Во претпоследниот квалификациски меч за пласман на ЕП 2025 година, Летонците повторно ја совладаа Шпанија, овој пат со убедливи 83-66 и за прво место во групата Ц. Кошаркарите на Летонија на овој дуел испорачаа 14 тројки.

Иако Шпанија загуби, сепак во оваа група јасни се патниците за ЕП, одат Белгија и Шпанија, а Летонија има директно место како домаќин.

На останатите средби од првата рунда од петтото коло во центарот на вниманието се најде пресметката меѓу Бугарија и Шведска. Везенков постигна 40 поени и 18 скока за победа од 81-77 после продолжение.

Во оваа група Д се ќе биде решено во последното коло бидејќи Германија и Црна Гора имаат по 8 осум бода, додека Шведска и Бугарија по седум.

ПретходноДејвис после поразот од Пелистер: Во Битола секогаш е тешко да игра!
СледноГо прашаа кој е подобар Ферги или Пеп, Мурињо изненадувачки одбра трет тренер!