Зошто Лука Дончиќ не играше за Лејкерси?

625
Фото: ЛА Лејкерс/Фејсбук

Лука Дончиќ не играше за Л.А. Лејкерси против Портланд на гостински терен, но неговиот нов тим успеа да победи со 110:102 благодарение Леброн Џејмс, кој запиша 40 поени. На само неколку часа пред натпреварот беше објавена информацијата дека Дончиќ нема да биде на клупата, што ги изненади сите навивачи.

Како што објави добро информираниот новинар Марк Стајн, Лејкерси постапиле по „медицинскиот совет“ на својот тим и решиле Дончиќ да го пропушти мечот против Портланд за подобро и побрзо заздрави од посериозната повреда на зглобот што ја има од декември.

ПретходноЈокиќ доминираше против Нуркиќ, застрашувачка партија на Леброн (ВИДЕО)
СледноЛШ 1/8 финале – ждрепка: ПСЖ оди на Барса или Ливерпул, Реал против Атлетико или Леверкузен! (ФОТО)