Денеска е ден за ждрепки во Европските купови. По онаа одржава во Лигата на Шампионите, следуваше онаа од Лигата на Европа, а сега ете денот се затвори со двојките од Лигата на Конференции.
Во неа, имаме претставници во два тима, а тоа се Јагиелонија односно Борац Бања Лука.
Дарко Чурлинов со својот тим Јагиелонија ќе оди на мегдан со белгискиот претставник Серкл Бриж, а првиот меч ќе го игра на гости.
Од друга страна пак, Борац Бања Лука тим кој што синоќа испиша историја со елиминацијата на Олимпија, и за кој што настапуваат Бобан Николов, колумбиецот со пасош на Македонија, Херера, како и репрезентативниот наш голман Дамјан Шишковски оди во Виена каде што ќе се сретне со тимот на Рапид Виена.
Лига на Конференции 1/8 финале двојки:
Серкл Бриж – Јагиелонија
Легија Варшава – Молде
Цеље – Лугано
Пафос – Дјургарден
Панатинаикос – Фиорентина
Борац – Рапид Виена
Бетис – Виториа
Копенхаген – Челзи