ЛШ – 1/8 финале: Реал против Атлетико на Чоло, ПСЖ налета на Ливерпул!

524

Денеска во Нион се одржа ждрепката за 1/8 финалето во нокаут фазата во Лигата на Шампионите. Како што и се очекуваше, па и предвидуваше, ќе имаме некколку интересни и пред се мега – пресметки.

Реал Мадрид за ривал го доби градскиот ривал Атлетико Мадрид, додека ПСЖ ќе мора против Ливерпул а германското дерби е Баерн Минхен – Леверкузен. И останатите двојки се интересни.

Познато е дека првите мечеви се играат кај екипите кои низ плеј – офот од нокаут фазата се пласираа во 1/8 финалето, додека реваншите се играат кај екипите кои директно, преку лигашката фаза, се пласираа во осминафиналето и кои беа означени како носител.

ДВОЈКИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕТО

БРИЖ – АСТОН ВИЛА

ДОРТМУНД – ЛИЛ

РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД

БАЕРН МИНХЕН – ЛЕВЕРКУЗЕН

ПСВ – АРСЕНАЛ

ФЕЕНОРД – ИНТЕР

ПСЖ – ЛИВЕРПУЛ

БЕНФИКА – БАРСЕЛОНА

Овие натпревари се играат на 4/5 и 11/12 март.

ПретходноЛига Нации – жени: Македонија на мегдан со Косово!
СледноЛШ: Познати се и можните двојки во 1/4 и 1/2 финалето! (ФОТО)