Митревски ја има третата најдобра одбрана, „бомбата“ на Кузмановски во Топ 5 (ВИДЕО)

624

По комплетирање на 12. коло во Лигата на шампиони, ЕХФТВ ги одбра најдобрите. Сосема очекувано во изборот на најдобри потези и одбрани се најде Никола Митревски. Македонскиот репрезентативен голман не му дозволи на Динамо Букурешт да си оди со бод од Битола, го одбрани последниот удар на противникот. Најдобрите одбрани можете да ги видите на следниот ЛИНК. 

Во Топ 5 листата на ЕХФТВ се најде и Филип Кузмановски, кој во 39. минута од мечот испрати вистинска „бомба“ во противничката мрежа. Капитенот на Пелистер има „топ“ во раката, па ваквите удари се тешко одбранливи.

Најдобрите пет голови можете да ги видите на следниот ЛИНК. 

 

ПретходноМакедонија освои уште еден медал на Европското првенство во ММА, Алексовска се пласираше во финале!
СледноЛига Нации – жени: Македонија на мегдан со Косово!