Реал Мадрид веќе има план доколку Винисиус ги одбере парите на Арапите

596

Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс е на мета на Реал Мадрид. Шпанските медиуми тврдат дека Гитенс веќе извесно време е мета на скаутите на Реал Мадрид, но дека е следен и од бројни европски гиганти.

Гитенс има само 20 години, а во Дортмунд се приклучи како тинејџер од академијата на Манчестер Сити во летото 2020 година. Роден е во Лондон, игра за младинската репрезентација на Англија и допрва треба да дебитира за сениорскиот тим.

Гитенс игра лево крило, но може да игра и десно, па се поставува прашањето дали е потенцијална замена во случај ако Винисиус Жуниор ја прифати големата сума на пари од Саудиска Арабија на лето.

Не е тајна дека Арапите го сакаат Винисиус и сакаат да го направат најплатен спортист во светот, иако Бразилецот досега немал намера ниту да размислува да го напушти Реал Мадрид.

Гитенс одигра 92 натпревари за Борусија, постигнувајќи 16 гола и 10 асистенции.

ПретходноКосово е сепак пресилен противник
СледноБрињоне сезонава е незапирлива