ВИДЕОЛОТАРИЈА нов спонзор на КК Маџари 2023

59

Видеолотарија Касинос Австрија стана спонзор на КК Маџари.

Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија со задоволство споделува дека е  нов пријател на кошаркарскиот клуб Маџари, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност и придонес во развојот на македонскиот спорт.

Преку ова партнерство, Видеолотарија ќе придонесе за унапредување на клубот, создавање подобри услови за играчите и поддршка на младите таленти во кошарката. Оваа соработка е дел од континуираните напори на компанијата да инвестира во спортот и заедницата.

„Огромна благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за  довербата и поддршка. Вашата помош ќе ни овозможи да ги реализираме нашите цели и амбиции-влез во Првата лига. Заедно градиме силен тим и светла иднина за македонската кошарка“, изјавија од КК Маџари.

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите

ПретходноЛШ: Познати се и можните двојки во 1/4 и 1/2 финалето! (ФОТО)
СледноСелими со У19 на тренинг камп во Струмица