Динамо Букурешт не успеа да го освои бодот вреден осминафинале во Лигата на шампионите. Романскиот тим го имаше последниот напад за реми, но македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски го одбрани ударот на Али за голема победа на Пелистер од 25-24. Бодовите го оставија актуелниот македонски првак во игра за следната рунда на две кола до крајот.
Салата „Боро Чурлевски“ беше исполнета до последното место, што пак беше тешко за гостинскиот тим, ова го призна и Давид Дејвис, на кого му е познато како е да се игра во Битола.
„Во Битола секогаш е тешко да се игра. Се подготвувавме добро, игравме добро по завршување на Светското првенство. Но, овој пат верувам дека Пелистер повеќе сакаше да победи од нас. Тие сакаат да одат како нас понатаму, ние сме многу близу до осминафинале. Имаме уште два натпревари, мора да дадеме повеќе за следната фаза“, изјави Давид Дејвис.
Пелистер има 8 бода, исто колку и дирекниот конкурент за шестото место Висла. Македонскиот тим игра против Фуксе Берлин и против ПСЖ на гостински терен во последните два меча од групнат фаза.