Лига на Конференции 1/8 финални двојки: Чурлинов оди во Белгија, Николов, Херера и Шишковски против Рапид

265

Денеска е ден за ждрепки во Европските купови. По онаа одржава во Лигата на Шампионите, следуваше онаа од Лигата на Европа, а сега ете денот се затвори со двојките од Лигата на Конференции.

Во неа, имаме претставници во два тима, а тоа се Јагиелонија односно Борац Бања Лука.

Дарко Чурлинов со својот тим Јагиелонија ќе оди на мегдан со белгискиот претставник Серкл Бриж, а првиот меч ќе го игра на гости.
Од друга страна пак, Борац Бања Лука тим кој што синоќа испиша историја со елиминацијата на Олимпија, и за кој што настапуваат Бобан Николов, колумбиецот со пасош на Македонија, Херера, како и репрезентативниот наш голман Дамјан Шишковски оди во Виена каде што ќе се сретне со тимот на Рапид Виена.

 

Лига на Конференции 1/8 финале двојки:

Серкл Бриж – Јагиелонија

Легија Варшава – Молде

Цеље – Лугано

Пафос – Дјургарден

Панатинаикос – Фиорентина

Борац – Рапид Виена

Бетис – Виториа

Копенхаген – Челзи

 

ПретходноВоша: Секоја чест за Пелистер, но Тиквеш пролетва едноставно мора
СледноИновација во оценувањето на судиите (ВИДЕО)