Лига Нации – жени: Македонија на мегдан со Косово!

90

Денеска нашата најдобра женска фудбалска репрезентација ќе стартува во новиот циклус во Лигата на Нации. Како што е познато Македонија се најде во Ц-Лигата на Нации во групата 6 и за ривали ги има селекциите на Косово и Летонија.

И токму денеска од 14 часот избраничките на Александар Андов за ривал ја имаат селекцијата на Косово. Овој прв меч од групата се игра на тренинг центарот “Петар Милошевски“ на ФФМ во Скопје.

За жал на овој прв меч, Македонија нема да биде комплетна. Имено поради повреда, селекторот Андов нема да може да смета на нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова.

Сепак и покрај отсуството на Андонова, преовладува оптимизам во нашите редови и секако дека се очекува добар настап и добар резултат на оваа прва средба во новиот циклус во Лигата на Нации.

Секако дека се очекува и поддршка од фановите за нашите девојки за да можат да дојдат до што подобар резултат уште на стартот на ова натпреварување.

ПретходноМитревски ја има третата најдобра одбрана, „бомбата“ на Кузмановски во Топ 5 (ВИДЕО)
СледноЛШ – 1/8 финале: Реал против Атлетико на Чоло, ПСЖ налета на Ливерпул!