Со одредувањето на двојките во 1/8 финалето во ЛШ, веднаш се знаеше и кои се моќните двојки во следните фази, во 1/4 и 1/2 финалето.
Реал Мадрид ако го мине Атлетико би можел да се сретне со Арсенал во 1/4 финалето. Победникот од ПСЖ – Ливерпул ќе игра со подобриот од двојката Бриж – Астон Вила.
Подобриот од Бенфика – Барселона се среќава со Дортмунд – Лил, а победникот од двојката Феенорд – Интер ќе игра или со Баерн или со Леверкузен.
Ова се можните двојки до самото финале, односно познат е костурот до крајот на оваа сезона во Лигата на Шампоните.