ЛШ 1/8 финале – ждрепка: ПСЖ оди на Барса или Ливерпул, Реал против Атлетико или Леверкузен! (ФОТО)

434

Денеска во Нион со почеток во 12 часот ќе се одржи ждрепката за 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Познато е дека 8 екипи, како најдобри во лигашката фаза во ЛШ, се пласираа директно во оваа фаза и тие ќе бидат во групата на носители а останатите 8 екипи се победници во плеј – офот од нокаут фазата, и овие екипи се неносители.

НОСИТЕЛИ:

Арсенал (АНГ)

Астон Вила (АНГ)

Атлетико Мадрид (ШПА)

Барселона (ШПА)

Интер (ИТА)

Леверкузен (ГЕР)

Лил (ФРА)

Ливерпул (АНГ)

НЕНОСИТЕЛИ:

Дортмунд (ГЕР)

Баерн Минхен (ГЕР)

Бенфика (ПОР)

Бриж (БЕЛ)

Феенорд (ХОЛ)
ПСЖ (ФРА)

ПСВ (ХОЛ)
Реал Мадрид (ШПА)

May be an image of football, soccer and text that says 'ROUND OF 16 Arsenal ខ្ញ ASTONVILA ASTON BVB 09 FCB ្ PERAVERN BAYERM UNCHED O PUCOE 1904 ENYENOORD ROT ROTTERDAL ERDA DAM BAYER BAYER R Leverkusen (T LOSC PARIS IT L.FC. GECGEC PSV POMAIN 프로랜부크'

Ова значи дека екипите кои се носители реваншите ќе ги играат на свој терен. Исто така познато е дека според “костурот“ или распоредот, кој што беше претходно направен, секоја екипа од овие 16 има само две екипи како потенцијални ривали. Се разбира дека можеме да очекуваме спектакл во 1/8 финалето ако се знае дека на ПСЖ може да и се паднат само Барселона или Ливерпул. Исто така се знае дека Реал Мадрид за ривал може да ги добие само Атлетико Мадрид или Леверкузен, исто и Баерн Минхен може да се падне со Атлетико Мадрид или Леверкузен. Во секој случај ќе има најмалку три спектакуларни двомеча во оваа фаза од ЛШ.

Ова е “костурот“ и можните противници.

May be a graphic of text that says '18 BREST 15 KOPO ROAD to PARIS R16-1 LIV 24 2 BAA CLUB BRUGGE 16 6 BENFICA R16-5 KOPD MONACO ATALANTA KOPO CLUB BRUO BAR BENFICA LIV R16-2 LIL 22 MAN AVL 23 R16-b 11 KOPO SPORTINGCP KOPO REAL MADRID REAL MADRID AVL LIL DORTMUND R16-3 ATM 20 位 LEV JUVENTUS 12 BAYERNMÜNCHEN BAYERN MUNCHEN CELTIC R16-7 KOPO PSV PSV KOPO OR ATM BAYERNMONCHEN R1G-4 ARS INT 19 FEYENOORD R16-B FEYENOORD INT 13 OR MILAN ARS'

Да кажеме дека мечевите од оваа фаза се закажани за 4/5 и 11/12 март.

Покрај ждрепката во ЛШ, денеска во Нион ќе се одржат и ждрепките за 1/8 фиалето во Лигата на Европа (13 ч) и Лигата на Конференции (14 ч).

ПретходноЗошто Лука Дончиќ не играше за Лејкерси?
СледноДејвис после поразот од Пелистер: Во Битола секогаш е тешко да игра!