Маслинко: Штета што не ја искористивме шансата за пласман на Европското првенство

237

Македонија следната шанса да игра на Европско првенство ќе ја има за четири години. За жал и после 10 години пауза не успеавме да се вратиме на ова големо натпреварување, Естонија славеше против нашите кошаркари дома и го згасна сонот н „црвено-жолтите“. Во Талин видовме дека со двајца кошаркари не може да се добие квалитетен противник. Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс ја немаа потребната поддршка од соиграчите, Македонија се изнапромаши отворени шутеви, па поразот и тоа како е логичен.

Андреј Маслинко беше третиот најдобар стрелец во нашите редови, имаше 15 поени и 7 скока, заедно со 41. поен на Нено и Шортс, постигнаа 56 од вкупните 65 за Македонија.

„Добро го почнавме мечот, го контролиравме резултатот, бевме во игра, дури и имавме еден поен разлика на одморот. Во второто полувреме одигравме лошо. Штета што ги загубивме шансите за пласман на Европското првенство“, рече кратко Андреј Маслинко.

ПретходноЈончевски: Промашивме многу отворени шутеви, Естонија казни!
СледноХанси Флик: И судиите се луѓе, и тие можат да погрешат!