Првиот човек на ФФМ се избори за македонска Арена ТВ! (ФОТО)

7712

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ вчера беше во работна посета на Белград. Покрај другото тој имаше разговори со претставниците на Арена Спорт. Беше разговарано од следната сезона Арена Спорт да има ексклузивни права на македонскиот фудбал и да пренесува натпревари од ПМФЛ како и од Купот на Македонија.

Инаку во моментов Спорт Клуб има права за ПМФЛ, но оваа ТВ веќе е купена од страна на Арена.

No description available.

Инаку, барем според информациите, првиот човек на ФФМ и претставниците на Арена, разговарале за тоа преносите од Македонија да одат на македонски јазик. Поточно да има посебен канал на македонски јазик.

Секако дека ова е голем потег на Омерагиќ за популаризирање на мак – фудбалот.

ПретходноРадивојевиќ од Пелистер во тимот на колото во ЛШ! (ВИДЕО)
СледноСуперкомпјутерот си кажа: Еве кој е најголем фаворит за титулата во ЛШ, Реал е на петтото место! (ФОТО)