Се чини дека толку беше од Де Брујне во Сити: “Не е повреден, јас одлучив да не игра во Мадрид“!

611

Иако викендов го чека и тоа како тежок меч, Манчестер Сити игра дома со фанастичниот Ливерпул, Пеп Гвардиола на денешниот прес мораше да одговара на прашања на новинарите за тоа што се случи во Мадрид, каде неговиот тим беше надигран во целост како ретко кога.

Интересно беше прашањето за Кевин де Брујне, зошто тој не доби шанса да заигра на “Сантијаго Бернабеу“:

Де Брујне не настапи на тој меч зошто јас така одлучив. Не е повреден, ќе ве излаже секој кој што ќе каже дека не настапил поради повреда“ посочи Пеп Гвардиола.

Интересно е тоа што во медиумите на Островот се шпекулира дека Пеп веќе не смета толку многу на Де Брујне и дека тој во јуни ќе биде слободен да си бара нова средина.

ПретходноАморим: Во моментов гледам повеќе проблеми отколку решенија
СледноПолувреме: Македонските кошаркари водат минимално против Естонија во Талин!