Тренерот на Торино: Елмас е лидер, тој знае како да ги поведе своите соиграчи!

1447

Утре од 18 часот на свој терен, Торино во меч од Серија А го дочекува Милан. За нас е интересно тоа дека најавите се дека нашиот Дијамант, Елиф Елмас, ќе биде стартер на оваа средба. Тоа го најавуваат сите релевантни медиуми во Италија, а тренерот на Торино, Паоло Ваноли на денешниот прес за Елмас истакна:

Можам да кажам дека Елмас располага со огромен квалитет. Мислам дека направивме добар избор на пазарот. Тој е важен за нас како на технички така и на тактички план. Има проблем со физичката спрема, но и тоа ќе го надмине. Во однос на лидерството јас сметам дека Елмас е лидер, тој знае како да ги поведе своите соиграчи“ посочи Ваноли кој кажа децидно дали Македонецот ќе биде стартер дефинитивно или во текот на мечот ќе добие шанса.

ПретходноСуперкомпјутерот си кажа: Еве кој е најголем фаворит за титулата во ЛШ, Реал е на петтото место! (ФОТО)
СледноСкандал во Серија А: Лука постигна гол од пенал за Удинезе, ги разгневи соиграчите а тренерот му се налути! (ВИДЕО)