Ханси Флик: И судиите се луѓе, и тие можат да погрешат!

189

Германска работа некој ќе рече. Додека во Шпанија, поточно во Ла Лига се води војна во врска со судењето, а јасно е дека во тоа главен е Реал Мадрид, тренерот на Барселона, Ханси Флик мртов ладен што се вели, на денешниот прес пред дуелот со Лас Палмас, во негов стил се стави во нивна заштита:

Јас им ја давам сета поддршка. Навистина нестварно е тоа што им се случува на судиите и на нивните семејства. Гледам дека се под голем, неверојатен притисок и се соочуваат со закани. Мораме да ги заштитиме, тоа е нашата одговорност. Впрочем и судиите се луѓе, и тие можат да погрешат“ посочи стратегот на Барса.

Можеме само да замислиме што на ова има да каже тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

ПретходноМаслинко: Штета што не ја искористивме шансата за пласман на Европското првенство
СледноРадивојевиќ од Пелистер во тимот на колото во ЛШ! (ВИДЕО)