Јокиќ доминираше против Нуркиќ, застрашувачка партија на Леброн (ВИДЕО)

424

Денвер Нагетс беше домаќин на Шарлот Хорнетс, на крајот победи со 129:115 во нова одлична партија на Никола Јокиќ.

Српскиот центар постигна 29 поени, заедно со 17 скока и 9 асистенции. Кај домашниот тим поефикасен од него беше само Џамал ​​Мареј со 34 поени. Најдобар поединец на натпреварот беше Мајлс Бриџис со 36 поени, 13 скока и 7 асистенции. Босанскиот репрезентативец Јусуф Нуркиќ имаше 9 поени и 10 скока.

Без Лука Дончиќ Лејкерси играа на гости во Портланд каде победија со 110:102, а Леброн Џејмс покажа дека не е за старо железо, постигнувајќи 40 поени и 8 скока. Остин Ривс додаде 32 поени. Кај Трејлблејзерс најефикасен беше Дени Авдија со 28 поени.

Без повредениот Вембањама, Спарс го совладаа Феникс Санс со 120:109, додека Милвоки Бакс го совладаа ЛА Клиперс со 116:110.

Резултати НБА:
Индијана – Мемфис 127:113
Филаделфија – Бостон 104:124
Атланта – Орландо 108:114
Бруклин – Кливленд 97:110
Њујорк – Чикаго 113:11
Милвоки – ЛА Клиперс 116:110
Денвер – Шарлот 129:115
Сан Антонио – Феникс 120:109
Портланд – Лејкерс 102:110

ПретходноМитревски како и секогаш е скромен: Сите се заслужни за победата!
СледноЗошто Лука Дончиќ не играше за Лејкерси?