Екипата на Силекс по малку изнеандувачки сезонава во ПМФЛ шампионатот е претендет за титула. Дури сезонава е со статус и на есенски шампион. Сепак, пролетната полусезона за кратовци не започна како што посакуваа. Мечот против Тиквеш на домашен терен не го добија, истиот заврши 1:1, и може слободно да се каже дека Силекс не освои бод, туку загуби два. Стрелецот на единствениот гол на тој меч за домаќинот, Ади Алиќ е свесен дека она што викендов следува, а тоа е дербито против Шкендија ќе биде уште потежок тест за него и соиграчите.
„Среќен сум поради постигнатиот гол, но за жал, не успеавме да дојдеме до трите бода, што секако не беше резултат на кој што се надевавме. Сепак, продолжуваме со напорна работа и гледаме кон следниот натпревар.“ – изјави Адиќ па додаде.
„Што се однесува до претстојниот натпревар со Шкендија, свесни сме дека не’ чека голем предизвик против директниот ривал за врвот на табелата. Имаат доста квалитетни индивидуалци, но верувам во нашиот тим и верувам дека секој играч ќе даде се од себе за да во недела оствариме добар резултат.“ – рече Алиќ .