Тимот на Манчестер Јунајтед викендов оди на гостување кај Евертон во рамките од новото коло до премиер лигата, во стартниот саботен термин од 13:30. Клубот од Олд Трафорд и натаму се мачи на резултатски план има само четири победи во 14 мечеви под водство на менаџерот Рубен Аморим. Од друга страна Евертон има четири победи во пет меча.
“Понекогаш не гледате напредок во тимот, но доаѓаат потешки натпревари и чувствувате дека можете да играте рамноправно во нив, да создавате ситуации, што е добро. Во овој момент, кога ги гледате натпреварите, гледате повеќе проблеми отколку решенија. Тоа е јасно. Кога играме, чувствувам дека сме способни, но мора да бидеме доследни”, рече Аморим.